ЛЕКОВИТОСТА НА ЛИСТОВИТЕ ОД МОРКОВИ

Од листовите од морков како магдонос се подготвува чудесен напиток. Така освен плодот на морковот, кој е многу лековит, се користат и листовите. Содржат повеќе витамин Ц од коренот и повеќе витамин К од кој било друг зеленчук. Имаат својство да прочистуваат, па се детоксикатори на црниот дроб и на целото тело. Богати се со минерали кои позитивно влијаат на метаболизмот. Спречуваат развој на некои сериозни болести. Имаат антисептичко дејство и се ефикасни против лошиот здив и забоболката.

Потребни се неколку млади листови од моркови, 2 јаболка, 2 чаши вода од по 200 мл. Се блендираат листовите, јаболката заедно со водата (која се додава постепено, не одеднаш) и веднаш пиео напитокот.

По 2 дена редовно конзумирање се чувствува повеќе енергија. При слаб имунитет, ова е вистинскиот напиток кој ја враќа бојата на лицето. Имунитетотјакне за една седмица. Често треба да се јаде плои при оваа “терапија”.

Рецепт за сок од морков штосе користи како помошно средство при лекувањето на некои сериозни болести. За здрав сок од морков, потребни се 6-8 моркови да се блендираат во соковник, а потоа масата се разредува со малку вода. Трае максимум 24 часа и се прави секој ден. Ефикасен е оти нема адитиви.

Потребни се килограм моркови, мед или природен засладувач по вкус 200 гр., 4 литри вода, 5 кесички лимонтус или цеден сок од неколку лимони. Се чистат морковите и се сечкаат на прстени. Се ставаат во сад и се преливаат со 2 литри ладна вода. Се варат. Кога ќе омекнат, се цедат и се блендират. Кашата се враќа во старата вода и се додва шеќерот, лимоновиот сок и уште 2 литри вода. Содржината се крчка уште половина час, мешајќи повремено. Кога сокот малку ќе се подизлади, се тура во стерилизирани шишиња и се завиткува во ќебе. Се ладат цела ноќ, а потоа се чуваат на ладно и темно место. За дијабетичафрите, наместо шеќерсе додава мед или друг природен засладувач. Вкусно е ако се комбинира со сок од јаболко, портокал или лимон.

Листовите од морков може да се додаваат во супа или за други оброци. Полековити ако се јадат свежи.

Loading