ВО ПЕНЗИОНЕРСКАТА ЗГРАДА НЕ ЖИВЕАТ САМО ПЕНЗИОНЕРИ

По барање на претседателот на Здружението на пензионерите, Славко  Трајкоски, имаше средба со Игор Кондоски, раководителот на Фондот за ПИО. Дваесетина пензионери прашуваа за начинот на осигурување или дали можат да ја примаат пензијата од нивните родители. Инвалидските пензионери се фокусираа на прашањето дали да продолжат да ја земаат инвалидската пензија или треба да ја земаат според навршените години на старост. Односно која пензија ќе им била повисока.

Бидејќи Прилеп располага со пензионерска станбена зграда во која живеат и не живеат пензионери имаше интерес за решавање на станбеното прашање. Дел од становите се на Здружението, осум од еднособните, од кои четири се празни. Во останатите не се знае кој живее и дали се плаќа надомест. Поголемиот дел, 21 стан, се сопственост на АД за станбен простор. Заради нерегулираната сопственост не се знае и кој е одговорен за одржувањето. Повеќето од становите се руинирани, без редовно одржување. И деловните простории се во лоша состојба. Затоа треба да се утврди кој и на колку станови е сопственик, што се регулира со одлука на Фондот за ПИО. Така ќе се инвестира и становите ќе се доведат за користење на пензионерите.

Пензионерите се интересираа за наплатата на солидарниот фонд што заради поголемата смртност беше намалена за 5000 денари, со можност да се наплатат подоцна кога ќе има доволно средства на сметката на Фондот.              

Loading