РАСЧЕШНУВАЊЕ ЗА УКА

Некој Турчин одел со некоја Мариовка. Ја држел како посестрима години. Невестата имала едно чупе малечко и израснало големо. Турчинот, побратим í фрлил мерак, оти било младо и поубаво.

-Посестримо, ај да ми го прелажиш чупето да терам љубов и да ми биди посестрима. Че ти дам 15 лири.

Мајката се нафатила. Го кандисувала чупето да се предај, оти многу пари давал. Ами тоа не сакало. Не можела да го кандиса со арно. Му рекла на Турчинот:

-Че ти го затворам и со сила вати го!

И Турчинот го фатил со сила да ја заљуби. Чупето се бранело многу време. Кога видело дека нема да се добрани да го обесчести и дека немало како да куртули, го фатило Турчинот за шулиња и го искилавило. Турчинот паднал болен и липсал, дури да појди до градот.

Умрениот Турчин имал мал син. Кога пораснал, разбрал како умрел татко му. Отишол во Мариово да го тера чупето на љубов. И чупето се заљубило. Одело како посестрима и станало трудно. Кога родило дете, го фрлило копилчето в лозје. Разбрале селаните. Му кажале на кметот. Тој наредил да ја расчешнат копилашката, оти го фрлила детето в земја. Кметот ја прекорувал копилашката:

-Оти вака, напрај, проклетнице, турска посестримо? Че те расчешниме – рекол кметот.

Собрал и стари и мали, и машко и женско да гледаат расшчешнување, ука да учат. Нашле два коња. Ја врзале копиљашката по една нога за секој коњ, ги забркале коњите, еден влево, еден вдесно и ја расчешнале на две парчиња. Другите гледале да земат пример, да не прават така. Оттогаш тоа не е видено во Мариово.

Loading