СЈАЈ НА ПОСТКОВИДНИ ПРЕТСТАВИ

56-ти МТФ “Војдан Чернодрински”

Се окончува уште едно издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. 56-тио празник на театарот, донесе претстави од голем формат, различни по жанр, што ги отсликуваа квалитетите на театарска продукција во земјава. Осум во официјална конкуренција, со различен сензибилитет, со посебен режисерски и актерски ракопис се доживуваат како постковиден сјај, како кам бек на театарската уметност. Жирито, денес ќе ги додели наградите, а фестивалското збогување е со аплаузите за наградените и актерите на претставата Боливуд од Пелевиќ, во режија на Наташа Поплавска.

Бидејќи Зенит се печати пред официјалниот епилог на фестивалот, низ фотографии ја доловуваме атмосферата.

Loading