ПРИЛЕП Е ВО ГРУПА СО ШАМПИОНОТ

Ракомет

Совреме се знаат составите на групите од машката ракометна Супер лига. Екипата Прилеп е во А-групата со шампионот Вардар од Скопје, со скопските Бутел и Алкалоид, со неготински Вардар, како и со Струга, Охрид и Куманово.

Во 1. коло, на 3 септември, Прилеп дома игра со Алкалоид, а во 3. коло е домаќин на шампионот Вардар. Се очекува назначување на нов тренер, наследник на заминатиот Горан Кузманоски – Таста.

Во Б-групата од Супер лигата се: Голден арт КЛ7, Скопје, Пролет, Јуниор КВ (Скопје), Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 (Битола), Радовиш, Тиквеш (Кавадарци).

Loading