ИЗЛОЖБАТА “ИНСПИРАЦИЈА” ОД СЛАВЧО ПАВЛОСКИ ВО НОВИ САД

Младиот прилепски ликовен уметник, студент на ФЛУ, Славчо Павлоски се претставува во Нови Сад, Србија на манифестацијата Денови на македонската култура. Професорот Александар Џинго за делата на младиот уметник вели дека се кохезија на постмодерен симболизам и симболизмот во времето во кое живееме.

-Павлоски внесува нова свежина и идеја. Циклусот масло на платно е носач на универзалните вредности и од стилистички и од семантички аспект. Делата впиле воздишка од пластичниот ефект на Дали, сликарската фридова бајковитост и Кнадиновото компонирање, кои се пријатни сеќавања на уникатно вплотени сегменти во меките и сигурносни сликарски потези – забележува Џинго.

Павлоски студира на ФЛУ во Скопје, отсек вајарство. Учествувал на групни изложби и на ликовни колонии. Работи како зограф и помошник во повеќе цркви и манастири. Член е на ДЛУП.

Loading