ДВА АЛМАНАХА    

Клубот на литературни творци Прилеп

Алманах бр. 2 и бр. 3 на поетите од Клубот на литературни творци – Прилеп е пред читателите. Во “двојката” е објавена поезија од 23 поети, кои презентираат стихови, оставајќи трага од едно време и место. И, како што вели во предговорот професорот Цеца Видова Трајческа, оставен е само дел од патот, трагата и творештвото на Клубот на литературни творци Прилеп.

Во “тројката” објавени се стихови од 24 поети, кои покажуваат како песната знае да љуби, да плаче, да губи, да воздивнува и восхитува. Или како песната е еликсир кој го продолжува животот, му дава свето вдахновение и ја цеди секоја болка, ја исцелува секоја животна рана. Се редат песни, која од која побисерна од поетската везилка која е мозаик што се читаат со љубов и внимание. Алманахот 3 е срцевината од срцата на група автори и вреди да биде дел од секоја библиотека.

Loading