ДЕВЕТ БОДА ПРЕД ВАРДАР

Младинци

,,Златна,, е генерацијата на Победа, фудбалери родени 2003 година и помали, кои стигнаа убедливо до шампионската титула во Младинската супер лига. Бројките кажуваат за најмногу бодови (62, дури девет повеќе од вториот Вардар со 53), најмногу победи (20), најмалку порази (2), најмногу дадени голови (79), најмалку примени (14). Силата е покажана и во последното коло кога со 5:1 е совладана Македонија ЃП во Скопје. За Победа се уште две признанија: за најдобар стрелец – Филип Тодороски со 21 гол, за најдобар голман – Марко Маркоски.

Наесен е учеството во јуниорската Лига на шампионите од УЕФА.

Loading