СЕ ИЗБИРА НАСЛЕДНИК НА КУЗМАНОСКИ

Ракомет

Викендов е последното коло од плеј-аутот во ракометната машка Супер лига, каде Прилеп е гостин на Радовиш. По овој меч е разделбата на тренерот Горан Куманоски – Таста со клубото. Тој заминува во Скопје или во странство.

Клубот веќе преговара со тројца кандидати за наследник. За десетина дена ќе биде откриена енигмата. До овие случувања дојде поради финансиски причини. Прилепскиот суперлигаш е со намален буџет. Во таква ситуација ќе го пречека новото првенство во кое ќе се цели опстанок. Сезонава е освоено 2. место во плеј-аутот или вкупно 8. место во Супер лигата, по победата од 33:31 над Струга, која во последното коло е слободна.

Табела: Пролет 23, Прилеп 15, Струга 14, Радовиш 6, Скопје 5.

Женскиот тим Деспина, по поразот 20:17 од Пелистер во Битола, дома го чека шампионот Куманово.

Loading