МЛАДОСТ В САБОТА Е ВО ТРОФЕЈОТ НА ЕВРОПА

Пинг-понг

Дебитантски настап во Трофејот на Европа, куп на Европската пингпонгарска унија има Младост 96, македонскиот шампион. Учеството е в сабота во Одорхеи, Романија, каде, покрај домашниот истоимен тим, настапува Темерин од Србија. Само првопласираниот оди меѓу осумте најдобри. Квалитетот на прилепската екипа е дкренат со засилувањето – Црногорецот Лука Бакиќ, а тренерот Гоце Тошески ги има на раполагање уште Антонио Стомнароски, Александар Рикалоски, Андреј Лашкоски, Раиф Рустемовски, Петар Костовски и Србинот Стефан Костадиновиќ.

– Противниците се мошне силни, но и ние имаме квалитет. Не сме без шанси да бидеме први во групата. Вложуваме максимум од можностите – рече тренерот Тошески.

Екипата кусо се подготовуваше во Суботица, а претходно настапи во полуфиналето од плеј-офот на Супер лигата, каде со 4:1 и 4:0 го совлада штипскиот Шампион ФА. По Трофејот на Европа, Младост 96 ќе има финале за одбрана на титулата, против Крива Паланка.

Loading