ФУДБАЛЕРИ И СЕ НУДАТ НА ПОБЕДА

Прва лига

Одмор е, преодниот рок не е почнат, но ниту малку не е тивко во и околу новиот прволигаш Победа. Се најавуваат нови фудбалери. Се нудат. Меѓу потенцијалните засилувања има повратници. Тоа се докажани прилепчани со прволигашки квалитети. Но, и од други градови, а и странци. Претходната недела еден Африканец го разгледувал стадионот. Клуб е на потег да го одбере најдоброто. Се очекуваат договори со новите, но и со досегашните првотимци. Прва задача е да се задржат досегашните, а потоа да се земат засилувања за повисок квалитет. Главниот збор го имаат тренерите. И со нив се најавени преговори, за да се знае дали ќе се менува или не, стручниот штаб, воден од Димитар Капинковски.

Очекувањата се големи, а колку од тоа ќе се оствари, зависи од финансиската моќ. Клубот преговара со компании, потенцијални финансиери.

Loading