ДВА НАУЧНИ СОБИРА И РАБОТИЛНИЦА

Институт за старословенска култура

Институтот за старословенска кутлура органиизра два научни собира и работилница на манастирот Трескавец. Првиот собир е за “Методологија на научноистражувачката работа користена при истражувањето на културното наследство во нашава држава”. Се дебатира на тема за сеопфатна заштита на материјалното културно наследство засновано на мултидисциплинарни научни сознанија. На работилницата утре ќе се говори за проблемите на истражувачите при заштитата на културното наследство.

Д-р Бранислав Ристески, директор на Инстиутот, посочува дека научните собири се многу важни оти се говори за археолошкото и културното наследство, а манастирот Трескавец  е податен за истражувачите.

-Научните сознанија се исклучени или минимално се користени при стручната заштита, конзервацијата и ревитализацијата на културните добра. Сметаме дека мора да ги апострофираме научните сознанија. Имаме евидентни пропусти во правната, законската заштита на културното наследство. Недостасува и соодветна финансиска поддршка на научно-истражувачката работа –  вели д-р Ристески.

На научните собири ќе учествуваат преку 30 еминентни научници од земјава.

Loading