ДЕТСКИОТ ПЕРПЕРТУУМ МОБИЛЕ

Детскиот лезет асли абер го снашло. Перпертум мобиле од најнов модел се роди за новородените. Доста време мајките раце искинале од држење бебиња. Ги исфрлиле и количките со дрвени колца. И, кој како се снашол. Ама ова детско чудо ти било сефте, шик количка, дотогаш непробана, а само во “светот” видена. На четири тркала, чиниш мини комбе, како мал пајтон, или мини автомобил на мајчин погон. Така се раатисале од “товарот” и родителите, и бабите и дедовците, и стрините и вујковците, но и браќата и сестрите. Па и комшиите. А децата ќефосани. Се лулаат, се нишаат и лесно ги фаќа дремка низ треперењето на тркалата по градските калдрми. Низ џамчињата, ко од автомобил, ѕиркаат детските очиња. И тие да фрлат опул на градот. Плачеле за в количка да бидат војвани, небаре во лимузина. 

Loading