“ЗЕМЈА”- ОД БОЈАНА АРТИНОВСКА ТРПЧЕСКА

Вечерва од 19.30 часот во ликовниот салон  на ЦК “Марко Цепенков” ќе се отвори изложбата “Земја” од уметницата Бојана Артиновска Трпческа.

Историчарот на уметност Виолета Димеска вели дека делата се создадени  на инспирација од древната кинеска мудрост – фенг шуи.

– Таа создава боени апстрактни пејзажи, поделени во две фази, зелена и кафеави. Зелената фаза е насловена “Зародиш на бујноста” каде апстрактните пејзажи изобилуваат со тонови на зелената боја – метафора за создавањето на животот, дарежливоста и плодноста на земјата. Кафеавата фаза сочинува апстракни композиции со широк спектар на кафеави тонови и нијанси. Кафеавата боја симболизира темнина, стабилност и потпорат. Со транспонирањето на функцијата “мајка” врз мотивот земја и изборот на бојата како ликовен елемент, транформирајќи ја во метафора – зелена боја – плодност и изобилство, и кафена боја – темнина и потпората, Трпческа создава воодушевувачки композиции за отелотворување на женскиот принцип – потенцира Димеска.

Loading