ВТОРОТО МЕСТО Е ЗА ПРИЛЕП

Ракомет

По паузата продолжуваат натпреварите од плеј-аутот на машката Супер лига. Преостануваат уште само две кола. Екипата на Прилеп прво за противник ја има Струга (в сабота во ,,Ричко,, во 18 ч.), потоа му гостува на Радовиш. Доколку ја совлада Струга, тогаш обезбедено е второто место со 15 бода, бидејќи таму сега е Струга со 14, а таа екипа е слободна во последната рунда. Второто место е важно само за повисок спортски резултат, пласман на табелата, а не е битно за опстанокот. Опстанокот е одамна обезбеден со избегнување на 5. место кое води во бараж.

По 29 мај е крајот на сезоната и одморот за екипата на тренерот Горан Кузманоски – Таста.

Табела: Пролет 23, Струга 14, Прилеп 12, Скопје 5, Радовиш 3.

Loading