ТИТУЛАТА Е НА ДОФАТ

Младинска супер лига

Откако заврши сениорската лига, во фокусот е Младинската супер лига. Таму Победа има шанса да ја освои тутулата шампион на Македонија и да учествува во Лигата на европските шампиони. Треба да се издржат уште три кола. В недела е дербито со вториот Вардар во Скопје, потоа дома со скопски Њу старс, на крајот кај Македонија ЃП. Дури и да загуби од Вардар, Победа може да биде прва со оглед на тоа што Вардар има уште само еден меч до крајот – со Ренова, а Победа уште два, дури и бод предност има прилепскиот тим.

Табела: Победа 53 (од 21 меч), Вардар 52 (од 22), Шкендија 45, Брегалница 40, Академија Пандев 36, Пелистер 35, Кул здравје 33, Њу старс 28, Македонија ЃП 26, Шкупи 21, Ренова 15, Работнички 11, Куманово и Скопје без бодови.

Loading