КОРЗО Е ШАМПИОНОТ

Трофеј

Насловот е шеговит, но во секоја шега има и вистина. Всушност, не е само Чаир поврзан со новиот фудбалски шампион Шкупи. Со овој клуб врска има и Прилеп. Пред се затоа што шеф на Стручниот штаб е Гоце Седлоски, помошник Тони Мегленски, играч Марјан Радески. А да не се заборави – клубот Шкупи е настанат по фузија на клубот од Чаир со клубот Корзо, од истоимената прилепска населба. Летото 2013 година Корзо се подготвуваше за Втората лига, Шкупи за Третата. По фузијата, клубот Шкупи продолжи во Втората лига, од година на година напредуваше и еве стигна до тутулата.

Од 2013 наваму нема клуб со име Корзо.

Loading