ПРВО ДА СЕ ЗАДРЖАТ СТАРИТЕ, ПА ДА СЕ ЗЕМАТ НОВИ

Фудбал

Веќе се зборува за засилувања во Победа, откако со головите на Даниел Карчески и Атхе Мазари со 2:1 славеше над Слога во Виница, каде е примен пехарот за освоеното прво место и пласманот во Првата лига. Потребни  се нови играчи, засилувања. Но, првин да се задржат досегашните. Тоа не е едноставно, бидејќи квалитетот е баран и од други. Прволигашки клубови веќе се интересирале за некои играчи на Победа. Претстои пауза, што не е апсолутен мир. Покрај преговори околу влезот на компании – потенцијални финансиери, се разговора, преговора, договора и со играчите и тренерите. Така ќе е до стартот на првенството, до мечевите со нови ривали, како Шкупи, Академија Пандев, Шкендија, Македонија ЃП, Ренова, Струга, Брегалница, Работнички, Силекс, Скопје (или Беласица), Тиквеш (или Воска).

Конечна табела: Победа 62, Беласица 59, Слога 55, Саса 45,  Кожуф 37, Детонит 34, Пехчево 33, Осогово 31, Братство 15, Локомотива 7. Победа е прволигаш, Беласица во прволигашки бараж, Пехчево во второлигашки бараж, а отпаѓаат Осогово, Братство и Локомотива.

Loading