ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА СТОРИ НЕШТО…

Книгата ,,Стори нешто…,, омаж за животот и делото на примариус д-р Трајче Бошкоски (1943 – 2010), ќе биде промовирана утревечер во ЦК Марко Цепенков. Делото е публикувано постхумно, благодарение на посветеноста и заложбите на неговата сопруга, Љубинка Бошкоска, со поддршка на ентузијасти од стручната јавност во Прилеп.

Доктор Бошкоски има значаен придонес во здравството како доктор ортопед, но и во општествениот живот во градот. За придонесот како примариус, хуманист, автор на 30 -ина графики и слики во масло на платно, ќе говорат д-р Никола Настоски, примариус Илија Јованоски, доктор Весна Пацаноска, писателката Мирјанка Селчанец, доктор Соња Зоговиќ и Слободан Беличански во името на ДНУ.

Loading