ПО ТРИ БОДА ВО БИТОЛА

Жени

Уште само две кола се во плеј-офот од женската Супер лига. Тие се шансата за Деспина да го задржи 6. место, кое, објективно, í припаѓа. Тука е значаен претстојниот пелагониски дерби-меч со Пелистер. Во Битола, реални се шансите за триумф на Деспина. Претходните дуели беа со следните резултати: 26:17 и 23:19 за Деспина, а 31:22 за Пелистер. Во последното коло екипата на тренерот Страшо Илиоски е домаќин на шампионот Куманово. Кандидат за 6. место е и Стружанка која прво има тежок меч кај Чаир, потоа дома со Пелистер.

Табела: Куманово 36, Ѓорче Петров 33, Металург 30, Вардар 25, Чаир 18, Деспина 8, Стружанка 7, Пелистер 4.  

Loading