“ПАНТА РЕИ” ОД МАРЈАН СТОЈАНОСКИ ВО КИЦ

Изложбата во Скопје

Последното ликовно достигнување на академскиот скулптор Марјан Стојаноски насловено “Панта реи”, скулптури во метал, претставени се во КИЦ во Скопје.

– Делата поседуваат динамизам, асоцијативно, ротирачки формации кои претставуваат рефлекс од едно друго време, рефлекс од безвременоста, рефлекс од вселената. Кругот, неговата моќ и неговото симболистичко сфаќање раскажуваат за панта реи. Феникс, повторно раѓање, издигнување од пепелта е наративно пораката на изложбата. Стојаноски е патник низ времето. Волшебно ја менува стварноста, оставајќи трага кој сведочи за творечка физиономија создадена во духот на новото време – вели Мирјана Крстева Масети.

Стојаноски е академец од ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ. Бил двапати претседател на ДЛУП каде ја добива наградата за скулптура “Јордан Грабул”. Имал многу изложби.

Loading