ПРИЛЕПЧАНКИ ВО СВЕТОТ НА ЕЛЕГАНЦИЈАТА

Ритмичка гимнастика

Покрај спортска, во градов се негува и ритмичка гимнастика, позната по необично движење и виткање на телото, убавина и елеганција. Сето тоа синхронизирано со ритамот на музиката. Клубот Авантгард на професорката Александра Стојаноска опстојува веќе шест години, дури има и меѓународни настапи. Последниот во Хасково во Бугарија, е мошне успешен во конкуренција на Бугарија, Кипар, Шпанија, Украина и Б и Х. Шест девојчиња се претставија во неколку возрасни категории и дисциплини. Значат првите места – во дисциплината без реквизит Марија Тошеска (12-годишна), со обрач на Анастасија Нешкоска (12), Јана Димоска (10) и Илина Кузманоска (9). Одлични беа и Теа Петреска (10) и Јована Везенкоска (9).

Во државава освен Прилеп клуб има само уште во Скопје.

Loading