ПРАЗНИК НА ТЕАТАРОТ ОД 3 ДО 11 ЈУНИ

56-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”

МТФ “Војдан Чернодрински” по 56-ти пат ќе се одржи од 3 до 11 јуни. Годинешни добитници на наградата за животно дело се македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Бедија Беговска, доајен во Турскиот театар  и драматургот  и професор на ФДУ Русомир Богдановски.

Во официјалната програма на годинашниот фестивал ќе бидат изведени осум претстави. Во земјава работат 18 професионални театари. Шест, од осумте претстави, се работени на текстови од немакедонски автори, избрани од селекторот, д-р Иван Додовски. Прилепскиот театар ќе учествува во натпреварувачкиот дел со “Декамерон”, според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски.

-Претставите ги одразуваат сегашните дострели на македонскиот театар, што тематски ги испитува можностите за соочување со загрижувачката стварност. Избрани се претстави од голем формат и со силен режисерски печат – вели Додовски.

Уметничкиот директор Катерина Коцевска Хаџи Василева најави дополнително утврдување на придружната програма и откривање на членовите на жирито.

Loading