ДАЛИ СТРАНСКИ ПАРИ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО ПОБЕДА?

Фудбал

По триумфот од 2:0, со головите на Филип Стомнароски и Филип Димоски над Пехчево, а со поразот од 1:0 на Слога од Беласица во Струмица, екипата Победа веќе е прволигаш. Следните чекори се во насока на издигнување на клубот на повисоко ниво. Тоа подразбира подигнување на финансиски план. Клубот одамна ги отвори вратите за влез на приватни компании, а сега, се чини, дојде време тоа да се случи. Успешна сезона беше исполнета со победи, највисок пласман, остварен прволигашки план. Тоа беше поддржано со илјадници гледачи на реновираниот стадион. Ова се предности за привлекување инвестиции во Победа, пред некој друг клуб. Затоа не е изненадување дека веќе се почнати се преговорите со неколку компании, меѓу кои и од странство. За скоро ќе се знае исходот.

По последниот меч в сабота со Слога во Виница ќе има одбележување на успехот, потоа разговори со играчите за останување во клубот.Ќе се земат засилувања, ако има финансиската моќ. Но, за разлика од други клубови, Победа може да смета на квалитетни прилепчани. Нема да е изненади ако основата на екипата биде прилепска. Разговори ќе има и со тренерите, по кои ќе се знае дали Стручниот штаб кој учествуваше во успехот, ќе остани натаму со екипата. По одморот со нетрпение ќе се чекаат подготовките, а потоа првиот прволигашки меч во август.

Табела: Победа 59, Беласица 56, Слога 55, Саса 45,  Кожуф 37, Детонит 31, Пехчево 30, Осогово 28, Братство 15, Локомотива 7.

Loading