Не треба да се делиме на наши и ваши туку секој да биде свој и за сите.
х
Ги исекоа дрворедите, а на граѓаните им ја оставија тревата ама тие не пасат!?
х
Нема мали и големи улоги, има само мали и големи артисти.
х
Караваните слободно минуваат откако на кучињата им беа фрлени коски…
х
Кога туѓинецот доаѓа да ти ја води куќата – избркај го!
х
Не може да се колне дека е за слободата, кога под тоа подразбира само слобода за неговите желби.
х
Кога власта ќе стане сласт веќе е во транс!
“Д-р Хаџи-Васков”