АНГЕЛЕСКИ НАЈДОБАР МЕЃУ 23

Стрелаштво

Прилепските стрелци го потврдија квалитетот и на Вториот куп со воздушно оружје, меѓународна програма, во Охрид. Со воздушна пушка Мартин Ангелески од Херој Прилеп беше прв меѓу 23 учесници. Кај жените неговата клупска другарка Ирина Јованоска е втора меѓу 22 учеснички.

Селекторот Трајче Дамевски се изјасни против учеството и на стрелци со слаби резултати. Има забелешки за опремата на дел од натпреварувачите, за недисциплината и вревата при стрелањето.

Loading