ПРИЛЕП ЈА ПОСТИГНУВА ЦЕЛТА

Ракомет

Екипата на Прилеп го остварува планот – опстанокот во машката Супер лига. По победата во Струга (28:26), дома беа совладани, Радовиш (28:25) и Скопје (29:25). На табелата од плеј-аутот тимот на Горан Кузманоски – Таста се искачи на второто место, веднаш под најсилниот тим, скопски Пролет. Синоќа беше гостувањето токму кај Пролет, а следниот дуел е на 22 мај дома со Струга.

Женската екипа Деспина се бори за задржување на 6. место од табелата на плеј-офот од Супер лигата. По поразот (31:27) од Чаир во Скопје, викендов е дуелот дома со Ѓорче Петров. Шестата Деспина има 8 бода, под неа се Стружанка со 7 и Пелистер со 4.

Loading