ПРЕТПОСТАВКИ ДЕКА Е ГРАДОТ ПЕЛАГОНИЈА?

Завршија истражувањата на локалитетот Долиште кај Прилепец

На локалитетот на античката населба од раната антика (6-5 п.н.е.), па сé до доцната антика, Долиште кај селото Прилепец, Заводот и Музеј ги реализираше археолошките ископувања. Во педесетите години од минатиот век, туму е пронајдена богатата остава со 208 сребрени монети на македонски и пајонски кралеви.

– Во 2016 се истражуваше дел од просторот за погребување, додека следната 2017 се отвори градба со просторија од стопански карактер. Годинава се истражуваше градба со повеќе простории, од кои една е бања. Поради големата зафатнина од 11х9 м., можно е да била јавна бања на градот распослан на поширокиот простор. Иако досегашни истраги дадоа богатство на наоди, уште не е откриен натпис кој би упатил на тоа за кој град станува збор. Една од претпоставките е дека е тоа градот Пелагонија. Во прилепскиот регион досега е истражувана само една градба со бања на локалитетот Пештерица. Тоа била таканаречена вила рустика на некој богат Римјанин, која, за жал, е потопена со градбата на прилепското акумулационо езеро – вели археологот Душко Темелкоски.

Loading