ПЕСНИТЕ ОД ИРЕНА АНГЕЛЕСКА ОБЈАВЕНИ ВО БРОЈНИ АНТОЛОГИИ

Сограѓанката Ирена Ангелеска, од раната возраст пишува песни со кои учествува на многу конкурси и освојува награди. Еден период стагнира за во последните години да се врати на нејзиното хоби – стиховите. Песните í се објавени во повеќе антологии – 8-ми поетски поздрав Четрсе, во Поетско Маркукуле и во зборникот песни “Прилепски автори”. Член е на Клубот на литературни творци – Прилеп.

И МАЖИТЕ ПЛАЧАТ

Ја видов болката во неговите очи

Сите негови    искушенија и премрежја.

Ја видов тагата во неговата душа

Стравот од загуба

и неизвесност.

Не видов солзи

Беше силен

издржа планини и реки

земјотреси и бури.

Издржа свлечишта

и лавини дури.

Плачат слабите – рече.

Ја голташе тагата

Ја голташе болката.

И никогаш не видов

солза да му тече.

А таа послушна и горда

го бодреше во

неговата борба

го бодреше сложно и

го бришеше смело

неговото оросено

чело.

Над постела бдееше често.

Знаеше, тоа е нејзиното место.

Животот нејзин

Него му го дари

и не штедеше

никакви пари.

Слабите плачат

Но, не било така

Не било така, тој ми рече.

За мајка ти жалам

цел живот

со мене се мачи

Не издржа повеќе

И… почна да плачи.

И мажите плачат

Го сватив тоа сега

Знам, од судбината не се бега

Ирена Ангелеска

Loading