НЕМААТ ПОРАЗ ОД ЛАНИ

Младинци

Одлично игра екипата на Победа во Младинската супер лига. Веќе 12 меча во серија е без пораз. Последниот се случи на 4 декември минатата година кога загуби со 2:1 од Кул здравје во Скопје. Токму врз овој противник е постигната најновата победа од 5:0 дома. Во оваа успешна серија тимот кој е воден од Филип Мирчески и координаторот на Школата Кирил Овезоски, постигна 11 победи и еден нерешен резултат, со гол-разлика 44:4! Победа, која е прва на табелата со 49 бода од 19 меча , в сабота ја чека дерби во Тетово со третата Шкендија која има 44 од 20, додека вториот Вардар со 49 бода од 20 меча дома игра со четвртата Академија Пандев со 36 бода.

Вчера беше куп-четвртфиналето Академија Пандев – Победа.

Loading