“ТАЈНАТА НА РОЗАТА ДАФНЕ” – ЗБИРКА ОД СТУДЕНТКАТА БЛАГИЦА НАУМОВА

“Тајната на Розата Дафне” е првенче на младата студентка Благица Наумоска. Збирката е приказна за двајца вљубени, сродни души поврзани со митот за ловоровото дрво. Ова е книга за љубовта и разумот, за надежта и безнадежноста, но, пред сé, за срцето и за рационалното оревче во главата.

Наумова има 21 година. Таа е млада амбициозна студентка на Универзитетот во Битола. Ова е нејзино прво дело со кое зачекорува меѓу писателите.

Промовирајќи ја книгата, професорката Марија Кулеска забележува.

-Како срцето може да го измами разумот? Дали секогаш успева во тоа? Може ли да се направи баланс меѓу нив? Нивната моќ е вгнездена во ликовите и лесно се препознава, а последицата само останува да се претпостави… – напиша Кулеска.

Според неа, преку редовите читателот има чувство како повторно да чекори во свет каде љубовта не е разумна, туку е страст и посакување, можеби сила која му дава смисла на човековиот живот и вредност на неговиот дух.

-Тоа е сила која ги поведува љубовниците кон жртвување. Но, дали оваа љубов ќе ги претвори карактерите во жртви на своите дејствувања, останува да открие читателот. Писателката прави нескротлива нишка на љубовта во средниот век, онаа недостижната, идеалната, забранетата и онаа во романтизмот, каде ликот бега во својата осаменост, се повлекува сакајќи да живее во споменот на својата сакана – потенцира Кулеска, која и е рецензент на книгата.

Loading