ДУЕЛИ В ПЕТОК

Трета лига – Југ

Поради Велигден сите натпревари од 13. коло на Третата фудбалска лига – Југ се играат в петок. Дербито е во Големо Коњари, каде петтопласираниот домашниот тим го чека вториот Превалец. Во претходното коло Големо Коњари зеде бод (0:0) во Росоман, а Превалец дома со 3:1 го совлада Возарци. Исходот од ова дерби ќе покаже дали домашните или гостите од Велес се подготвени да атакуваат кон врвот, каде засега е Вардар. Неготинците се единствените без пораз, но само со бод предност пред Превалец, па рано е да се прогласат за единствени фаворити за влез во баражот за Втора лига. Силата ја покажаа минатото коло, кога со 10:0 го растурија Динамо, а три бода планираат и в петок во Возарци.

Од ОФС Прилеп најдобро стои четвртото Ново Црнилиште, кое по победата од 4:0 во Обршани, дома игра со седмата Марена.

Loading