ДУЕЛИ ДУРИ ОКОЛУ 1 МАЈ

Ракомет

Поради настапите на А-репрезентацијата на Македонија во баражот за Светското првенство, каде успеа да ја помине и последната пречка – Чешка,  имаше пауза во плеј-аутот на машката Супер лига. Екипата на Прилеп по вредната победа од 28:26 во Струга, синоќа (четврток) одигра дома со Радовиш. По овој дуел пак има пауза, поради Велигден, па на нов меч ќе се чека дури до празникот 1 Мај. Тогаш треба да биде натпреварот дома со Скопје. До крајот ќе е битката за опстанок на тимот од тренерот Горан Кузманоски.

Женската екипа Деспина дома загуби од Вардар (16:28), во плеј-офот од Супер лигата, а поради настапите на А-репрезентацијата против Норвешка, во домашното првенство е пауза до 30 април, кога е дуелот Чаир – Деспина.

Loading