ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА

Фудбал: Втора лига

Мошне мирно беше 22. коло од Втората лига -_Исток, во кое фаворитите за првото место постигнаа победи. Победа во Градско ја совлада Локомотива со 2:1 (стрелци Бојан Спиркоски и Даниел Карчески), Беласица со 5:0 го растури Осогово во Кочани, а Слога со 3:0 беше подобра од Братство во Прилеп. И во следното коло не се очекуваат киксови на водечките кои играат дома – Победа со Осогово (в сабота 16 ч. На Градски во Прилеп), Слога со Локомотива, Беласица со Саса. Дури потоа е бурата, особено кога ќе дојдат дерби-дуелите Победа – Беласица, Беласица – Слога и Слога – Победа.

Табела: Слога 48, Победа и Беласица по 47, Саса 44, Пехчево, Кожуф и Осогово по 27, Детонит 21, Братство 13, Локомотива 6.

Loading