ПРИЛЕПСКАТА ТРЕВА МУ ГОДИ НА РАБОТНИЧКИ

Фудбал: Прва лига

Екипата на Работнички со 3:0 ја совлада Брегалница, во 26. коло од Првата фудбалска лига. Поради реновирањето на теренот во Штип мечот се одигра во Прилеп. На скопскиот состав како повеќе да му годеше прилепската трева па успеа да наметне своја игра и да постигне голови преку Методи Максимов два и Бојан Илиевски. Преку триумфот скопјаните на табелата се приближија на три бода до штипјаните, кои се шестопласирани. 

Неколку стотини гледачи видоа добар прволигашки фудбал, каков што ќе има наесен, доколку Победа успее да стане прволигаш.

Loading