ЛИДЕРОТ СЛОГА Е ГОСТИН НА МОГИЛА

Фудбал: Втора лига

Дали Победа ќе биде прва многу зависи од резултатите на соседниот тим, Братство од Житоше. Токму оваа екипа в сабота (16 ч.) на Могила го чека првопласираниот состав на Слога од Виница. Гостите се фаворити, но домашните не се предаваат, можат уште еднаш пријатно да изненадат, како што тоа го направија неколкупати претходно. Ако Слога не победи, Победа е прва со очекуван триумф над Локомотива во Градско. Останатите конкуренти на Победа го имаат овој распоред: Осогово – Беласица, Саса – Пехчево.

Табела: Слога 45, Победа и Беласица по 44, Саса 43,  Осогово 27, Пехчево и Кожуф 26, Детонит 20, Братство 13, Локомотива 6.

Loading