КОЈ ЌЕ ГО СОВЛАДА ВАРДАР?

Фудбал: Трета лига – Југ

Екипата на Вардар од Неготино се издвојува од останатите во Третата лига-Југ, бидејќи по одиграните осум меча е единствената без пораз. Има само две нерешени, шест победи, од кои последната е со 6:0 над крушевско Питу Гули. Неготинци на секој дуел влегуваат како фаворити – в недела дома со Бучин, в среда со Слога во Лажани. На табелата засега најблиску до Вардар се Превалец, Росоман и Големо Коњари, тимови коишто имаат потенцијал да го загрозат водечкиот.

За прилепските љубители на фудбалот в среда (16,30 ч.) е интересен меч на игралиштето со вештачка трева, Динамо-Превалец.

Loading