ИСКЛУЧЕНИ ОТКАКО СЕ ЗАЦВРСТИЈА НА ВТОРОТО МЕСТО

Кошарка

Никој не се сеќава дека екипа којашто е пласирана на високото второ место е исклучена од некоја лига, по одигрување на сите натпревари во основниот дел. Тоа, за жал, е случај со прилепски Мега баскет. Учествуваше во Третата лига Б-група со одиграни 14 меча, на кои забележа 11 победи и три пораза. Токму кога наближа плеј-офот, каде настапуваат по четирите најдобри од двете групи, донесена е одлуката на Кошаркарската федерација која гласи: Согласно член 61.10 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, екипата на Мега баскет ќе се исклучи од натамошното натпреварување, а следната сезона не може да настапи во истиот ранг. Основа за одлуката е настапот на Филип Митрески за мега баскет против Албес и ИБА баскет, дуели добиени на терен, загубени службено со 0:20. Според Федерацијата, образложението е ,,настап на играч кој не е на листата одобрени играчи,,, додека од клубот Мега баскет велат дека споменатиот играч совреме бил регистриран и имал право да настапи. 

Во новонастанатата состојба место во плеј-офот обезбедија Работнички, Куманово, Албес и Дибра иглс од Б-групата, Младинец, Дино баскет, Спарта и Спорт тим од А-групата.

Loading