ДВА БОДА ПОД ЛИДЕРОТ

Пинг-понг

Шампионот Младост 96 во ова првенство од Супер лигата се бори за одбрана на титулата. Не е лесно оти ривалот Крива Паланка бега два бода по 11 одиграни меча. Лидерот има максимални 22 бода, Младост 96 е со два пораза – есеноска од Крива Паланка и пролетва од штипски Шампион ФА, покрај победите над Работнички и Младост. Претстои борба во наредните шест кола од основниот декл, потоа е плеј-офот. В недела Младост 96 е фаворит со Радовиш и со Телеком Нец 2, а Крива Паланка со Телеком Нец 2 и Вардар.

Вториот прилепски тим Младост откако го совлада Вардар, загуби од Крива Палнка и од Младост 96, в недела игра со Рисови и со Шампион ФА.

Loading