НАЈСИЛНИОТ ДОАЃА ВО РИЧКО

Ракомет

Тешка битка за опстанок води екипата на Прилеп во плеј-аутот од машката ракометна Супер лига. На првиот меч со примен гол во последните секунди доживеан е пораз со 23:22 од Скопје. На секој дуел мора да се оди на победа. Така и в сабота (18 ч.) во салата ,,Ричко,,, каде е натпреварот со најсилниот во групата, Пролет. Скопскиот тим е лидер на табелата со две победи, над Струга и Радовиш, така што со пренесените шест бода има вкупно 11. Иако Прилеп е со три бода, има сили за триумф, ако се земе предвид победата есеноска над истиот противник со 27:24. На табелата по Пролет со 11 е Струга со 7, Скопје со 4, Прилеп со 3 и Радовиш без бод.

Во плеј-офот од женската Супер лига, по победата над Пелистер (23:19), екипата на Деспина викендов му гостува на шампионот Куманово.

Loading