ИСТИ БОДОВИ СО РАБОТНИЧКИ

Кошарка

Екипата на Мега баскет со 107:87 ја совлада ИБА баскет од Скопје. Успехот е рехабилитација за поразот на дербито во Куманово. Со освоените два бода прилепскиот тим се израмни со водечкото Работнички. Скопјаните немаат пораз, но беа слободни претходното коло, така што прилепчаните ги стигнаа. Токму овие два тима, Работнички и Мега баскет, викендов играат дерби во Скопје. Домашните се фаворити поради есенскиот триумф во Прилеп од 103:84, но прилепчаните нема што да загубат. Им останува да се борат за изненадување.

Женскиот тим Мега баскет, по поразот дома со 23:116 од Шкупи, викендов гостува на Гостивар, во Првата лига Б-група.

Loading