ПОЧНУВА БИТКАТА ЗА ОПСТАНОК

Ракомет

Поразот со 33:20 од фаворитот Еурофарм Пелистер во Битола е последниот за Прилеп во основниот дел од Супер лигата. На 22 меча прилепскиот состав освои 18 бода, за 9. место на табелата, кое води во плеј-аут. Новата фаза од првенството треба да стартува со нова табела од шест тима, секому бодови според пласманот: Пролет 5, Струга 4, Прилеп 3, Металург 2, Скопје 1, Радовиш 0. Претстојат 10 кола. Борбата е за првите две места кои обезбедуваат опстанок, третото оди во бараж, последните три екипи отпаѓаат. Екипата на Прилеп рамноправно влегува во битка со конкурентите, имајќи предвид дека со Пролет, Струга, Металург и Скопје има по една победа и пораз, а со Радовиш две победи. Во битката за титулата ќе учествуваат: Вардар 5, Еурофарм Пелистер 4, Еурофарм Пелистер 2 – 3, Бутел 2, Тиквеш 1, Охрид 0.

Женскиот тим Деспина во плеј-офот од Супер лигата, по поразот со 36:17 од Вардар во Скопје, дома игра со Чаир.

Loading