ЛОШ ДЕН ВО КУМАНОВО

Кошарка

Првпат сезонава екипата на Мега баскет има лош резултат. Тоа е поразот со високи 96:65 во Куманово. Поразот не е неочекуван, оти станува збор за дерби, но разликата во поени е преголема. Слаб ден има секој тим, па и прилепскиот. Останува слабостите да се надминат на наредните натпревари. Викендов е дуел дома со ИБА баскет, тим кој беше совладан во Скопје, така што се очекува истото да се случи во Прилеп. На табелата Работнички има максимални 20, Мега бакет 18, Куманово 17, Албес и Дибра иглс по 15.

Женскиот тим Мега баскет, по неодиграните натпревари со Тим арена во Штип и со Патриот во Делчево, викендов дома треба да игра со Шкупи, во Првата лига Б-група.

Loading