ДЕРБИ НА МЕГА БАСКЕТ ВО КУМАНОВО

Кошарка

Поради Купот немаше првенствени кошаркарски натпревари минатиот викенд, па возбудувањата на тој план се следниве два дена. Откако на вториот пролетен настап машката екипа Мега баскет постигна победа, дома над Тетова булс, на ред е дербито кај Куманово. Очекувањата се за неизвсен натпревар. Прилепчаните есеноска дома постигнаа вредна победа над овој ривал со 92:80. Оптимизмот е и поради квалитетот на прилепските кошаркари, изразен на табелата со 17 бода, два повеќе од Куманово. На табелата од Третата лига Б-група води Работнички со 18 бода.

Во женската Прва лига Б-група тимот Мега баскет по неодиграниот меч со Тим арена во Штип, гостува на Патриот во Делчево.

Loading