АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Вечна е само надежта!

x

Кога се’ оди под конец може да се најде некој да се заплетка.

x

Да си ја прикријат безличноста некои стануваат дволични.

x

Појасот за спас во последен час може да биде задоцнет.

x

Може да те смени само оној кој  знае да цени.

x

Ниските удари  не можат да се правдаат со ниту една виша сила.

x

Не може да се води народот по жица како еквилибрист.

“Д-р Хаџи-Васков

Loading