ПОЧЕТОК НА 27 ФЕВРУАРИ

Трета лига – Југ

По долга пауза од 10 месеци и третолигашите од групата Југ ќе имаат првенствени натпревари. Одлучено е лигата да стартува на 27 февруари. Во прв момент се пријавија 13 тима, а според ждрепката веќе во 1. коло да има дерби Вардар Неготино – Големо Коњари. Екипата на Обршани го пречекува Питу Гули, Младост од Кривогаштани е гостин во Марена, Ново Црнилиште оди кај Росоман, Слога во лежерна игра со Динамо од Мажучиште, додека Бучин е домаќин на Возарци. Требаше да има слободна екипа, Превалец, но по пријавувањето на Напредок од Крушеани, извесно дека тие ќе се сретнат меѓусебно.

Во претходното првенство најдобри беа Локомотива од Градско и Братство од Житоше.

Loading