ПОПО ВО КАЗАНО СО КАТРАН

Ко добри комшии си помагале еден селанец и еден поп. Селанецо му цепел дрва, носел вода за попадијата, му ги пасел свијните и му праел ред други услуги. Попо се грижел да не им одат душите на соседите во пеколо. Го советувал комшијата да се пази од грешни работи, да не мрси во среда и петок и друзите пости, определени од црквата, да оди в црква, да не прај зло никому…

Попо велел, слушај шо вели поп, но не прај шо прај поп. Божовиот селанец се држел на евангелиските думи, макар шо делата на попо не се потврдувале со неговите зборој.

На селанецо му се разболело детето. Го помолил попо да му дозволи детето да касне нешто мрсно како болен чоек во петок.

-Скн, че му ја клај душата на детето во грв. И ти ко родител че одговараш пред Бога на тој век – рекол попот.

Селанецо објаснувал дека детето е болно, та белким и Госпо че му прости за ситна грешка. Попо останал при своето.

-Не можи Севишниот да го земе гревот на себе – рекол попо.

Во то време претекло тенџерето на поповиот пампур и селанецот прашал.

-Шо вариш денеска за ручек?

-Кокошка – одговорил попот.

-Ами гревот?

-Свештеник си отпева и Госпо нема да му пиши грев – се оправдал попо.

-Че отпеам пред твојо Госпо и че јада со болното дете – рекол селанецо и оттогаш не постел ниту еден ден во животот.

Поминале баеги години. Умреле двајцата соседи. Прв се скостил попо. Кога отишол селанецот во пеколот, во казано кај шо се вареле и мачеле грешните души, го видел комшијата, попо, пропаднат во катранот до брада.

-Комшија, вака ли че си отпееше и Госпо нема да ти ги пишува греојте?

-Молчи, комши, излезе ко шо мислев. Благодарение шо е дедо владика под мене и стом на негојте раменици. Инаку, којзнај кај че бев длабоко пропаднат во катранов.

Loading