ВИНОТО ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО

Списокот на придобивки од виното е голем, доколку се консумира во мали количества. Се препорачува по една чаша вино дневно. Преминувањето на оваа граница може да се одрази негативно врз здравјето.

Лицата постари од 70 години кои пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе. Виното спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови.

Луѓето кои пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние кои го консумираат ретко. Чаша вино го тера телото да согорува калории 90 минути.

Љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција. Виното го штити организмот од труење со салмонела.

Една чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајници за 50 отсто. Тоа се должи на антиоксидансите во виното кои имаат антиканцерогени својства.

Луѓето кои редовни консумираат вино, имаат поголема коскена маса од оние кои не го пијат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон кој го забавува разронувањето на старите коски.

Loading