ПОБЕДА ОТПОРНА НА СТРАНЦИТЕ

Фудбал

Есенскиот второлигашки лидер Победа одигра добар меч против екипа од странски фудбалери, моментно без клуб. На теренот во Дојран резултатот е 0:0, а прилепскиот тим не искористи убави шанси. Шефот на Стручниот штаб Димитар Капинковски беше без Дарко Тофилоски, Даниел Карчески, Јорданчо Наумоски, Благој Истатов, Христијан Кукески и Филип Спиркоски. Во нивно отсуство шанса добија 23 првотимци. Вчера беше вториот меч, со второлигашот Кожуф во Гевгелија.

Во Дојран планиран е уште еден тест, со Беласица.

Loading