СЕРИЈА ПРИЈАТЕЛСКИ НА ПРИЛЕП

Ракомет мажи/жени

По првата кондициска фаза, машкиот суперлигаш Прилеп почна серија пријателски средби. Тимот на тренерот Горан Кузманоски двапати силите ги одмери со прволигашкиот лидер Вардар, дома и во Неготино. Мошне важно е гостувањето викендов во Лесковац, Србија во поглед на негувањето пријателски односи со клубот Дубочица. Најавени се два меча. Дубочица беше гостин-учесник летоска на турнирот ,,Миле Нешкоски,,. Сигурно дека ќе има уште некој пријателски меч до 3 февруари и првенствениот дуел дома со Тиквеш. Токму од овој клуб се двете пролетни засилувања за Прилеп – централниот бек Марио Гичев и пивотот Марко Трајковски, кој го пополнува местото на Александар Тренчевски, заминат во Финска.

Тренинзи има и женскиот суперлигаш Деспина,  клуб кој се раздели со младата Хана Беќирхоџиќ, вратена во Босна и Херцеговина.

Loading